Kонстантин и Методиј се
браќа родени и пораснати во Солун. Потекнуваат од угледно солунско семејство.
Нивни родители биле Лав и Марија.Со доаѓањето на Словените во Македонија,
тие со себе ги донеле и своите пагански верувања и својот јазик. За писмено
изразување употребувале црти и рески. Сепак со доаѓањето во Македонија и на
јужниот Балкан се сретнале со напредна култура и развиена писменост. Словените
од староседелското население го примиле писмото кое било во употреба на тие
простори и го користеле во писменото изразување. Но со постојните букви на
грчкото унцијално писмо или со римското латинично писмо,
Не можеле да ги пишуваат сите карактеристични
словенски гласови кои ги изговарале. Поради тоа, се појавила потреба да се
создадат нови знаци – букви, со кои ќе се пишуваат словенските зборови, те.
писмено ќе се забележува јазикот на Словените. Создавањето на азбука за
Словените било дипломатски чекор на Византија, а со азбуката византиската
придобивка била двојна. Прво – полесно
се ширело Христијанството кај Словените и второ, Византија придобивајќи ги
балканските словени на своја страна си обезбедувала подобра позиција против
Бугарската држава која напаѓала на територијата на Византија на Балканот. Задачата за создавање на словенско писмо, од
византискиот двор ја добил Кирил (Константин Филозоф), кој имал целосна
поддршка и помош од неговиот брат Методиј.
No comments:
Post a Comment