1. Томи игра видео-игра со 4 нивоа. Секое следно ниво е потешко од претходното, и за него е потребно 2 пати повеќе време.
Ако знаеме колку минути потрошил Томи за да го помине првото ниво, пресметајте колку вкупно време му требало за сите 4 нивоа.
Влез
Во првиот ред е бројот M ( 1 ≤ M ≤ 100 ), потрошеното време за првото ниво.
Излез
Отпечатете го вкупното време за сите 4 нивоа.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 секунда
Мемориско ограничување: 64 мегабајти
Примери
влез 3 | излез 45 |
2.Емил игра видео-игра со неколку нивоа. Секое следно ниво е потешко од претходното, па така за второто ниво е потребно 2 пати повеќе време отколку за првото, за третото - 3 пати повеќе време од првото, за четвртото - 4 пати повеќе време од првото, итн.
Ако знаеме дека Емил потрошил X минути за да го помине првото ниво, пресметајте колку вкупно време му требало за сите N нивоа.
(Помош за делумни поени: Ако задачата ја решите точно со претпоставка дека N секогаш е 3, ќе освоите 40% од поените.)
Влез
Во првиот ред се наоѓаат два цели броеви: N ( 3 ≤ N ≤ 20 ) - бројот на нивоа, и X ( 1 ≤ X ≤ 20 ) – потребното време за првото ниво.
Излез
Отпечатете го вкупното време потребно за да се поминат сите N нивоа на играта.
Ограничувања
Временско ограничување: 100 милисекунди
Мемориско ограничување: 64 мегабајти
Примери
влез 3 2 | излез 12 |
Објаснување:
Има 3 нивоа. За првото ниво се потребни 2 минути, за второто ниво се потребни два пати повеќе минути, односно 4. Соодветно, за третото ниво се потребни 6 минути. Вкупно се потребни 2 + 4 + 6 = 12 минути.
No comments:
Post a Comment