Pages

Tuesday, March 22, 2022

Презентација за SCRATCH

  1. Што е Scratch -зошто се користи,
  2. Опис на програмата-прозорецот 
  3. Основни елементи во Scratch и начин на работа
  4. Групи на наредби
  5. Програма-пример и објаснување
Презентацијата да има 8-12 слајда, поголем фонт, да нема многу текст, да има слика и објаснување за истата.....
Да се испрати до 12.30 часот -  28.03.2022 т, 


Tuesday, March 15, 2022

Задачи за вежбање со IF-THEN-ELSE - 6 одд

При решавање на следните задачи внимавајте на условот.
Кои броеви се едноцифрени, двоцифрени, троцифрени. За еден број да е двоцифрен треба да се исполнат два услови. Условот е исполнет ако и двата услови се исполнети во Scratch.

Пример двоцифрен (If( broj>=10 && broj<100)
 Задачите се решаваат со IF(uslov). Презентацииите користете ги бидејќи имате примери
1. Внеси  broj на ученици ( Внимавај на условот)
·      ако бројот е помеѓу 10 и 20  (broj>=10 и broj<=20)  да прикаже – Супер паралелка  
·      ако бројот е помал од 10 да прикаже -  Многу малку ученици
       ·      ако бројот е поголема од 20   да прикаже -  Преголема паралелка. 
2. Напиши програма со која за внесена температура ќе прикаже
                  -ТОПЛО     ако температурата е поголема и еднаква на 16 степени (t>=16)          за Scratch ( t>16 и t=16)
 - ЛАДНО      ако температурата е помала од 16 степени (t<16)  
  3. Напиши програма со која за внесена температура ќе прикаже( Внимавај на условот)
-  Времето е топло       ако температурата е помеѓу 15 и 30 степени  (t>=15 и(&&) t<=30)
 Времето е ладно       ако температурата е помала од 15 степени
 Пекол                         ако температурата е поголема од 30 степени
         4. Напиши програма со која за внесен цел број ќе прикаже
-   Бројот е троцифрен
-   Бројот не е троцифрен
     5. Напиши програма со која за внесен цел број ќе прикаже
- Бројот е едноцифрен
-  Бројот е двоцифрен
- Не е ни едноцифре ни двоцифрен

 6. Внеси x. 
          -- ako  x<=5, пресметај  y=3*x-2, и прикажи ја вредноста на y
        За внесен број x=___ , y = _____
          -- ако  x>5,  пресметај  y=2*x-4, и прикажи ја вредноста на y
За внесен број x=___ , y = _____


Структура за избор од две можности („ако-тогаш-инаку“) if-then-else- 6 одд







Sunday, March 6, 2022

Задачи МЕНДО

 1. Томи игра видео-игра со 4 нивоа. Секое следно ниво е потешко од претходното, и за него е потребно 2 пати повеќе време.


Ако знаеме колку минути потрошил Томи за да го помине првото ниво, пресметајте колку вкупно време му требало за сите 4 нивоа.



Влез

Во првиот ред е бројот M ( 1 ≤ M ≤ 100 ), потрошеното време за првото ниво.



Излез

Отпечатете го вкупното време за сите 4 нивоа.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 секунда
Мемориско ограничување: 64 мегабајти



Примери


влез
3
излез
45

2.Емил игра видео-игра со неколку нивоа. Секое следно ниво е потешко од претходното, па така за второто ниво е потребно 2 пати повеќе време отколку за првото, за третото - 3 пати повеќе време од првото, за четвртото - 4 пати повеќе време од првото, итн.


Ако знаеме дека Емил потрошил X минути за да го помине првото ниво, пресметајте колку вкупно време му требало за сите N нивоа.

(Помош за делумни поени: Ако задачата ја решите точно со претпоставка дека N секогаш е 3, ќе освоите 40% од поените.)



Влез

Во првиот ред се наоѓаат два цели броеви: N ( 3 ≤ N ≤ 20 ) - бројот на нивоа, и X ( 1 ≤ X ≤ 20 ) – потребното време за првото ниво.



Излез

Отпечатете го вкупното време потребно за да се поминат сите N нивоа на играта.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 милисекунди
Мемориско ограничување: 64 мегабајти



Примери


влез
3 2
излез
12


Објаснување:
Има 3 нивоа. За првото ниво се потребни 2 минути, за второто ниво се потребни два пати повеќе минути, односно 4. Соодветно, за третото ниво се потребни 6 минути. Вкупно се потребни 2 + 4 + 6 = 12 минути.

7 odd

 1.Внеси cena на два производи (јаболка и мандарини) ∙ Поскап се јаболката _____ -да прикажи колку се поскапи   ∙ Поскап се манда...