Pages

Tuesday, December 6, 2022

ВЕЖБА 4- Шесто одд.

·       Наслов со големина 18

·       Маргини 1.6

·       Смени го фонтот Calibri и големина на фонт 12

·       Порамнување на пасус (прв од двете страни, втор централно)

·       Примени набројување (со знаци и со броеви)

·       Форматирај го текстот: боја, стил

·       Постави и уреди ги сликите

·       Нацртај графички објекти и уреди ги

·       Креирај и уреди ја табелата

 

Oпeративниот систем- е збир од програми кои мора да ги има PC за да можe да функционира. Тој претставува програма која овозможува прикажување на слики на екран, читање, снимање и бришење на податоци од било која надворешна меморија, функционирање на глувчето итн. Најпознати оперативни системи денес се LINUX и WINDOWS.

Апликативните програми се потребни за да може да се напише текст, да се нацрта нешто, да се направи табела или презентација. Овие програми се наречени и кориснички програми (апликации) кои работат со помош на оперативниот систем. 

Во нив спаѓаат

WORD, уредување на текст, форматирање на текст, додавање слики табели... EXCEL креирање на табели, формули и функции PAINT цртање на цртежи, фотомонтажа POWER POINT, креирање на презентација, додавање ефекти-анимации


 




Tuesday, November 8, 2022

Вежба за поправка VII одд.

 Учениците што до сега немаа пратено вежби да ја изработат и оваа и да се прати до петок 12.00 часот. Да се примени соодветка формула и функции за просек и максимум-најдобар


Tuesday, October 18, 2022

Вежба 3-EXCEL

 Вежбата да се испрати најдоцна до понеделник (24.10.2022 до 14.00 часот), најдобро до петок 21.10. Да се најде просечен број на поени и најдобар играч со функција. Да се користи формула за вкупно поени.



Вежба 2 EXCEL

 Да се изработи и прати денес до 22.30 часот (18.10.22)

Оваа е за пример податоците ги внесувате вие-креативност





Wednesday, September 7, 2022


Историски развој на компјутерите

 Пред компјутерите

Првиот комјутер се смета дека е ENIAC, направен е 1946 година во САД. Тој бил тежок 30 тони, зафаќал површина од 150  м2 (отприлика колку 5 училници). Во него биле вградени 18000 електронски ламби.
  
Прва генерација  (1940-1958)

Компјутерите од првата генерација користеле електронски ламби. Тие биле огромни и

трошеле многу електрична енергија. Работеле бавно (извршувале околу 20000 математички операции во 1 секунда) и помнеле малку податоци. Немале монитор, а податоците ги помнеле на дупчена картичка.



Втора генерација (1959-1963)‏
 Комјутерите од втората генерација користеле транзистори кои биле помали и побрзи, така што и самите комјутери биле помали, побрзи и трошеле помалку енергија. Имале поголема меморија и работеле до пет пати побрзо (извршувале околу 100000 операции во една секунда)‏. Подaтоците се запишувале на магнетна лента. Овие компјутери за прв пат користеле печатач.


Трета генерација (1964-1970)‏

Комјутерите од оваа генерација биле многу помали и побрзи (извршувале до милион операции во една секунда), поради малата димензија се нарекувале мини компјутери. Тоа се должело на користењето на интегралното коло, кое во себе содржи стотици транзистори. Се користеле монитори и тастатури и се појавилоперативниот систем - програма што управува со комјутерот и овозможува да се работи на  повеќе програми истовремено. Податоците се запишувале на дискета.



Четврта генерација (1971-  )‏
Во денешно време се користат комјутерите од четвртата генерација. Во нив е вграден нов елемент - чип (тоа е парче од силициум на кое се спакувани милиони транзистори). Компјутерите стануваат се помали и побрзи. Ивршуваат до неколку милиони операции во една секунда. Поради ниската цена, доаѓа до нивна масовна употреба. CD, DVD  и USB меморија се медиуми каде се запишуваат податоците.
За првпат се појавуваат комјутерските мрежи и денес целиот свет е поврзан преку Интернет. 
Персонален компјутер се појавува во четврта генерација
            

Во 1976 е направен првиот успешен персонален комјутер- PC (компјутер наменет за работа на еден човек). Се викал Apple I, имал дрвено куќиште и бил направен за да се изложи на саем на електроника. Денес овие компјутери секојдневно ги употребуваме.

Петта генерација
Оваа генерација е сеуште во развој. Тоа ќе бидат компјутери со вештачка интелегенција. Научниците сакаат да создадат компјутер што сам ќе одлучува.



Прашања:
1. Што се се користело за сметање пред појавата на првиот компјутер?
2. Дополни ја табелата:
Генерација
I генерација
II генерација
III генерација
IV генерација
Траела (од- до)




Што користеле




Податоците за запишувале на




За прв пат се појавува...




3. Персоналниот комјутер е наменет за ______________________________.
4. Кој е првиот персонален комјутер?

5. Кои се карактеристиките на петтата генерација компјутери?



Wednesday, June 8, 2022

Вежба 6 -крај

 Барања

  • Избери Arial
  • Наслов
  • Стил  и боја на фонт
  • Порамнување на текст: лево, десно централно
  • Цртање на геометрисли фигури и уредување: боја на рамка, пополнување и испишување на текст
  • Слика поставување на соодветно место
  • Текст
  • Компјутерот е машина која брзо и прецизно пресметува, меморира и извршува низа од операции и инструкции наречени програми. Хардверот и софтверот заедно го сочинуваат комјутерот. Главни хардвески компоненти: куќиште, монитор, тастатура, глувче, печатар, звучници. Оперативен систем е програма без која не може да работи компјутерот: Windows, Linix… Компјутерот помага во учењето и пишувањето на домашни задачи по сите наставни предмети: македонски јазик, англиски јазик, математика, информатика, историја.




Tuesday, May 31, 2022

Вежба6- шесто одд

 

·       Наслов со големина 18

·       Маргини 1.6

·       Смени го фонтот Calibri и големина на фонт 12

·       Порамнување на пасус (прв од двете страни, втор централно)

·       Примени набројување (со знаци и со броеви)

·       Форматирај го текстот: боја, стил

·       Постави и уреди ги сликите

·       Нацртај графички објекти и уреди ги

·       Креирај и уреди ја табелата

 

Oпeративниот систем- е збир од програми кои мора да ги има PC за да можe да функционира. Тој претставува програма која овозможува прикажување на слики на екран, читање, снимање и бришење на податоци од било која надворешна меморија, функционирање на глувчето итн. Најпознати оперативни системи денес се LINUX и WINDOWS.

Апликативните програми се потребни за да може да се напише текст, да се нацрта нешто, да се направи табела или презентација. Овие програми се наречени и кориснички програми (апликации) кои работат со помош на оперативниот систем. 

Во нив спаѓаат

WORD, уредување на текст, форматирање на текст, додавање слики табели... EXCEL креирање на табели, формули и функции PAINT цртање на цртежи, фотомонтажа POWER POINT, креирање на презентација, додавање ефекти-анимации






Wednesday, May 18, 2022

Текст 3-вежба шесто одд

 

Kонстантин и Методиј се браќа родени и пораснати во Солун. Потекнуваат од угледно солунско семејство. Нивни родители биле Лав и Марија.Со доаѓањето на Словените во Македонија, тие со себе ги донеле и своите пагански верувања и својот јазик. За писмено изразување употребувале црти и рески. Сепак со доаѓањето во Македонија и на јужниот Балкан се сретнале со напредна култура и развиена писменост. Словените од староседелското население го примиле писмото кое било во употреба на тие простори и го користеле во писменото изразување. Но со постојните букви на грчкото унцијално писмо или со римското латинично писмо,

Не можеле да ги пишуваат сите карактеристични словенски гласови кои ги изговарале. Поради тоа, се појавила потреба да се создадат нови знаци – букви, со кои ќе се пишуваат словенските зборови, те. писмено ќе се забележува јазикот на Словените. Создавањето на азбука за Словените било дипломатски чекор на Византија, а со азбуката византиската придобивка била двојна. Прво – полесно се ширело Христијанството кај Словените и второ, Византија придобивајќи ги балканските словени на своја страна си обезбедувала подобра позиција против Бугарската држава која напаѓала на територијата на Византија на Балканот.  Задачата за создавање на словенско писмо, од византискиот двор ја добил Кирил (Константин Филозоф), кој имал целосна поддршка и помош од неговиот брат Методиј.

Вежба 3-Шесто одд

 


Слики -Вежба 3

 




Tuesday, May 17, 2022

Задачи-7

 

  1. Внеси и f и пресметај P=5*f и L= f+d пресметај и прикажи гo     P= ______ , L=_______
    Внеси g,  пресметај R=4*g,  и прикажи         За внесен g=  ____  вредноста на R = _____\
  2. Напиши програма која ќе ги прикажува парните броеви од 0 до 20. (користи наредба for)
  3.  Напиши програма која ќе прикажуваат непарните броеви  од 30 до 10. (користи наредба while)
  4. Внеси  broj на ученици ( Внимавај на условот
                 ·      ако бројот е помеѓу 10 и 20   да прикаже – Супер паралелка  
     ·      ако бројот е помал од 10 да прикаже -  Многу малку ученици
         ·      ако бројот е поголема од 20   да прикаже -  Преголема паралелка
   5. Напиши програма со која за внесен цел број ќе прикаже
               - Бројот е едноцифрен
                      - Бројот е двоцифрен 
                       - Не е ни едноцифре ни двоцифрен
}       3.  Напиши програма со која за внесена температура ќе прикаже( Внимавај на условот)
}  Времето е топло       ако температурата е помеѓу 15 и 30 степени 
}  Времето е ладно       ако температурата е помала од 15 степени
}  Пекол                         ако температурата е поголема од 30 степени

Слики -Вежба2

 






Везба2

 




Текст-вежба2

 Велигден или Воскресение Христово  — најважниот верски празник во православниот. Празникот на воскреснувањето на Господ Исус Христос е празнува секоја година во различно време Главното обележување на Велигден се вапцани јајца. Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос Воскреснал. Иако Велики Петок е најтажниот ден за сите христијани во светот, Велигден веднаш по Божик се смета за најрадосен христијански празник. Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот: „Христос воскресна“ на што се одговара: „Навистина воскресна“. За Велигден се меси погача, која се украсува со плетенки и во која се прават вдлабнатини, во кои се ставаат велигденски јајца.

Tuesday, March 22, 2022

Презентација за SCRATCH

  1. Што е Scratch -зошто се користи,
  2. Опис на програмата-прозорецот 
  3. Основни елементи во Scratch и начин на работа
  4. Групи на наредби
  5. Програма-пример и објаснување
Презентацијата да има 8-12 слајда, поголем фонт, да нема многу текст, да има слика и објаснување за истата.....
Да се испрати до 12.30 часот -  28.03.2022 т, 


Tuesday, March 15, 2022

Задачи за вежбање со IF-THEN-ELSE - 6 одд

При решавање на следните задачи внимавајте на условот.
Кои броеви се едноцифрени, двоцифрени, троцифрени. За еден број да е двоцифрен треба да се исполнат два услови. Условот е исполнет ако и двата услови се исполнети во Scratch.

Пример двоцифрен (If( broj>=10 && broj<100)
 Задачите се решаваат со IF(uslov). Презентацииите користете ги бидејќи имате примери
1. Внеси  broj на ученици ( Внимавај на условот)
·      ако бројот е помеѓу 10 и 20  (broj>=10 и broj<=20)  да прикаже – Супер паралелка  
·      ако бројот е помал од 10 да прикаже -  Многу малку ученици
       ·      ако бројот е поголема од 20   да прикаже -  Преголема паралелка. 
2. Напиши програма со која за внесена температура ќе прикаже
                  -ТОПЛО     ако температурата е поголема и еднаква на 16 степени (t>=16)          за Scratch ( t>16 и t=16)
 - ЛАДНО      ако температурата е помала од 16 степени (t<16)  
  3. Напиши програма со која за внесена температура ќе прикаже( Внимавај на условот)
-  Времето е топло       ако температурата е помеѓу 15 и 30 степени  (t>=15 и(&&) t<=30)
 Времето е ладно       ако температурата е помала од 15 степени
 Пекол                         ако температурата е поголема од 30 степени
         4. Напиши програма со која за внесен цел број ќе прикаже
-   Бројот е троцифрен
-   Бројот не е троцифрен
     5. Напиши програма со која за внесен цел број ќе прикаже
- Бројот е едноцифрен
-  Бројот е двоцифрен
- Не е ни едноцифре ни двоцифрен

 6. Внеси x. 
          -- ako  x<=5, пресметај  y=3*x-2, и прикажи ја вредноста на y
        За внесен број x=___ , y = _____
          -- ако  x>5,  пресметај  y=2*x-4, и прикажи ја вредноста на y
За внесен број x=___ , y = _____


7 odd

 1.Внеси cena на два производи (јаболка и мандарини) ∙ Поскап се јаболката _____ -да прикажи колку се поскапи   ∙ Поскап се манда...