Вежба 2
Oпeративниот систем- е збир од програми кои мора да ги има PC за да можe да функционира. Тој претставува програма која овозможува прикажување на слики на екран, читање, снимање и бришење на податоци од било која надворешна меморија, функционирање на глувчето итн. Најпознати оперативни системи денес се LINUX и WINDOWS.
Апликативните програми се потребни за да може да се напише текст, да се нацрта нешто, да се направи табела или презентација. Овие програми се наречени и кориснички програми (апликации) кои работат со помош на оперативниот систем. Во нив спаѓаат WORD, EXCEL, PAINT, POWER POINT, INTERNET EXPLORER и многу други.
Задачи.
1. Насловот -Софтвер нека биде направен со украсен текст по твој избор,
2. Страната нека е вертикално поставена со маргини: Горна и долна по 2 и лева и десна по 1,5, (Можеш да ставиш и боја на позадината на страната по твој избор)
3. Првиот пасус- за Оперативан систем уреди го на следниот начин:
· растојание меѓу редовите нека биде 1,5 line
· пасусот нека е вовлечен од лево и од десно за 1 cm (0,40”)
4. Вториот пасус- уреди го на следниот начин:
4. Вториот пасус- уреди го на следниот начин:
· растојанието меѓу редовите нека биде At least 1,15 cm (0.45”)
· растојанието пред вториот пасус во него нека биде 1см, а после него 0,90 см,
· првиот ред во третиот пасус нека биде вовлечен 3 см, (1,2”)
· текстот да е напишан во две колони со линија помеѓу, (двете колони нека бидат со различна ширина)
5. Стави заглавје СОФТВЕР, син текст и центриран и подножје твоето име и презиме израмнет од десно, црвен текст и задебелен.
No comments:
Post a Comment