Pages

Monday, September 25, 2017

Вежба 3 VII одд

ФАЗИ НА ЕДЕН ПРОЕКТ

Изработката на училишниот проект се состои од следниве фази:
Ø  Пронаоѓање на тема за проектот,
Ø  Определување на задачите или целите на проектот,
Ø  Планирање,
Ø  Истражување,
Ø  Изработка на проект

Пронаоѓање тема за проектот
            Доколку темата не ти е дадена од наставникот (а обично е дадена), треба сам да ја избереш. Направи список од теми што ти се интересни, но избери ја онаа тема за која имаш најголеми предзнаења и за која можеш да собереш најмногу информации.

Задачите или целите на проектот
            Кога ќе ја избереш темата на проектот, треба да избереш конкретни цели и задачи: дали сакаш да напишеш состав, да изнесеш свои ставови и размислувања или да претставиш резултати од некои истражувања. Потоа размисли во која форма сакаш да го преставиш проектот: текст, графикон, слика, презентација.

Планирање и истражување
            Најпрво е најдобро да запишеш се што занеш за темата и избери што од тоа ќе ставиш во проектот. Потоа направи список на прашања на кои сакаш да најдеш одговор и почни да истражуваш. Можеш да користиш книги, списанија, енциклопедии, Интернет и друго. Води сметка, кога е во прашање Интернетот, колку најдената информација е точна (дали истата се потврдува и на друг веб сајт, дали е со понов датум и сл.)
Задачи.
1.   Насловот -ФАЗИ НА ЕДЕН ПРОЕКТ нека биде направен со украсен текст по твој избор,
2.   Страната нека е вертикално поставена со маргини: Горна и долна по 2cm и лева и десна по 1,5cm(Можеш да ставиш и боја на позадината на страната по твој избор)
3.   Првиот пасус- Пронаоѓање тема за проектот уреди го на следниот начин:
·      растојание меѓу редовите нека биде 1,5
·      пасусот нека е вовлечен од лево и од десно за 1 см,
·      стави коментар: Тема- избери ја според материјалот што го изучуваш.
4.   Вториот пасус- Задачите или целите на проектот- уреди го на следниот начин:
·      растојанието меѓу редовите нека биде Multiple 1,2
·      растојанието пред вториот пасус во него нека биде 1см, а после него 0,90 см,
   5. Трет пасус 
·      првиот ред во третиот пасус нека биде вовлечен 3 см,
·      текстот да е напишан во две колони со линија помеѓу,
·      стави фуснота на зборот енциклопедии: Збирка на знаења
6.   Стави заглавје Училиштен проект син текст и центриран  и подножје твоето име и презиме израмнет од десно, црвен текст и задебелен.
7. Постави број на страна лево долу
Испратете го на kostovavioletagd@yahoo.com
Најдоцна до среда 27.09 12.15 часот

Friday, September 22, 2017

Вежба 2


Oпeративниот систем- е збир од програми кои мора да ги има PC за да можe да функционира. Тој претставува програма која овозможува прикажување на слики на екран, читање, снимање и бришење на податоци од било која надворешна меморија, функционирање на глувчето итн. Најпознати оперативни системи денес се LINUX и WINDOWS.
Апликативните програми се потребни за да може да се напише текст, да се нацрта нешто, да се направи табела или презентација. Овие програми се наречени и кориснички програми (апликации) кои работат со помош на  оперативниот систем. Во нив спаѓаат WORD, EXCEL, PAINT, POWER POINT, INTERNET EXPLORER и многу други.
Задачи.
1.   Насловот -Софтвер нека биде направен со украсен текст по твој избор,
2.   Страната нека е вертикално поставена со маргини: Горна и долна по 2 и лева и десна по 1,5, (Можеш да ставиш и боја на позадината на страната по твој избор)
3.   Првиот пасус- за Оперативан систем уреди го на следниот начин:
·    растојание меѓу редовите нека биде 1,5 line
·    пасусот нека е вовлечен од лево и од десно за 1 cm (0,40”)
4.   Вториот пасус- уреди го на следниот начин:
·    растојанието меѓу редовите нека биде  At least  1,15 cm (0.45”)
·    растојанието пред вториот пасус во него нека биде 1см, а после него 0,90 см,
·    првиот ред во третиот пасус нека биде вовлечен 3 см, (1,2”)
·    текстот да е напишан во две колони со линија помеѓу, (двете колони нека бидат со различна ширина)

5.   Стави заглавје СОФТВЕР, син текст и центриран  и подножје твоето име и презиме израмнет од десно, црвен текст и задебелен. 



7 odd

 1.Внеси cena на два производи (јаболка и мандарини) ∙ Поскап се јаболката _____ -да прикажи колку се поскапи   ∙ Поскап се манда...