Практична вежба
За презентацијата избери дизајн по твој
избор на првите два слајда со различна
боја, а на третиот и четвртиот постави позадина: со една боја и по твој
избор.
I слајд:
Избери насловен тип на слајд во кој во
полето наслов ќе го ставиш името на презенатцијата Планети, а во поднаслов
твоето име. Во горниот лев агол од слајдот вметни слика на планетата Венера.
За сите слајдови понатаму избирај тип
на слајд каде има наслов на слајдот, текстуално поле и одреден објект.
II слајд: Наслов на слајдот е Меркур
Во текстуалното поле (во левиот дел на
слјадот) внеси го следниот текст:
Меркур е најблиската планета до Сонцето и е втора најмала
планета во Сончевиот сиситем. Бидејќи е толку блиску до Сонцето, Меркур може да
се види од Земјата само взори или приквечер, ниско на небото, во близина на
Сонцето.
Во десниот дел од слајдот пронајди
слика на Меркур и стави ја.
III слајд: Наслов на слајдот е Земја, а со Текст Ефект по твој избор во слајдот
напиши: НАШАТА ПЛАНЕТА и стави слика од неа.
IV слајд: наслов на слајдот со уметнички
текст Големина на планетите
Во овој слајд направи табела и графикон
за неа
Планета
|
Дијаметар (км)
|
Меркур
|
4880
|
Венера
|
12109
|
Земја
|
12756
|
Марс
|
6797
|
Вкупно
|
Секој наслов на слајдовите нека биде со
ист ефект, кој ќе се појавува со клик, текстовите нека се појавуваат со
произволен ефект заедно со насловот, а сите останати објекти нека се појавуваат
автоматски со било кој ефект по нив.
Преминот меѓу слајдовите нека биде
различен за секој слајд и нека е автоматски после 5 секунди.
Сликата на планетата Венера нека биде
хиперврска до податоци на Венера од wikipedia, а твоето име
хиперврска до третиот слајд.
No comments:
Post a Comment