ПРОЕКТ
Изработката на училишниот проект се состои од следниве
фази:
Ø Пронаоѓање на тема за проектот,
Ø Определување на
задачите или целите на проектот,
Ø Планирање,
Ø Истражување,
Ø Изработка на проект.
Пронаоѓање
тема за проектот
Доколку темата не ти е дадена од наставникот (а обично е дадена), треба сам
да ја избереш. Направи список од теми што ти се интересни, но избери ја онаа
тема за која имаш најголеми предзнаења и за која можеш да собереш најмногу
информации.
Определување на задачите или целите на
проектот
Кога ќе ја избереш темата на проектот, треба да избереш
конкретни цели и задачи: дали сакаш да напишеш состав, да изнесеш свои ставови
и размислувања или да претставиш резултати од некои истражувања. Потоа размисли
во која форма сакаш да го преставиш проектот: текст, графикон, слика,
презентација.
Планирање
Најпрво е најдобро да запишеш се што занеш за темата и
избери што од тоа ќе ставиш во проектот. Потоа направи список на прашања на кои
сакаш да најдеш одговор и почни да истражуваш.
Истражување
Можеш да користиш книги, списанија, енциклопедии,
Интернет и друго. Води сметка, кога е во прашање Интернетот, колку најдената
информација е точна (дали истата се потврдува и на друг веб сајт, дали е со
понов датум и сл.)
Изработка на проект
На крај одлучи која апликација ќе ја искористиш за изработка на твојот
проект. Проектот најчесто е во форма на текст документ, ако истиот се печати
или мултимедијална презентација.
Она што следува..
|
|
Презентација на проект
|
Вреднување на проект
|
Добро презентирање е
исто толку важно колку и добро сработениот проект. Клуч на успехот е вежбање-
неколку пати наглас повори го излагањето. Кога ќе почнеш:
|
Во вреднувањето и во презентацијата на
проектот учествуваат сите ученици.
На тој начин се развива критичност и способност за објективно вреднување
на својата и туѓата работа.
J
|
Овде запиши го твоето име во облик: име презиме VII одд.
nastavnicke ova celoto vo word da go naprajme
ReplyDelete