Pages

Friday, May 17, 2013

Материјал за 6 одделение

Тема 1-Компјутер
  1. Кои се основни поими во информатиката?
  2. Наведи пример за податок и информација.
  3. Наведи неколку области во кои се користат комјутерите.
  4. Наброј ги видовите комјутери.
  5. Што е податок, а што информација?
  6.  Кои се каракатериситикита на секоја генерација компјутери поодделно (период, од што се направени, број на операции во секунда, на што се запишуваат податоците, новини)
  7. Објасни се што знаеш за секој вид на компјутер.
  8. Наведи по 3 предности во неколку области од примената на компјутерот.
  9. Што е право на приватност, а што право на сопственост при примената на компјутерите.
  10. Дали секој вид компјутер може да се примени во секоја област од човековото живеење и работење. Образложи го твојот одговор.
  11. 1.    Особини на компјутерите ( брзина, способност за памтење, автоматско работење, точност)

    Тема 2-Хардвер-Софтвер


    1.    Што е хардвер?

    2.    Што е софтвер?

    3.    Наведи пример на хардвер и софтвер.

    4.    Наброј ги основните компоненти на хардверот и нивната функција.
    5.    Како се делат периферните уреди?
    6.    Која е функцијата на влезните, а која на излезните единици?
    7.    Наброј ги влезните и излезните единици.
    8.    Видови монитори, глувчиња, печатачи, тастатури и кој од нив е најдобар
    9.    Што е пиксел?
    10. Што е графичка резолуција?
    11. Кој приклучок овозможува најбрз пренос на податоците меѓу компјтерот и приклучениот уред:
      паралелниот,
      серискиот,
    • USB,
    12. Познати начини за безжично поврзување на електронски уреди се Infra Red (Инфра Ред), Bluetooth (Блутут) и други
    13. Големината на екранот се мери во....
    14. Најважни делови во куќиштето се.
    15. Главни делови на матичната плоча се..
    16. Која е функцијата на процесорот(карактеристики, производители)?
    17. Што е РОМ а што РАМ меморија?
    18. Каков мемориски уред е хард дискот?
    19. Како се дели компјутерската меморија?
    20. Која е главна, а која помошна меморија?
    21. Што е мемориски капацитет?
    22. Подредени по големина мемориски капацитети Бајт ( byte 1B=8 bit), Килобајт (1KB= 1024 B), Мегабајт (1MB= 1024KB), Гигабајт (1GB= 1024MB), Терабајт (1TB= 1024GB)
    23. Колкав е моморискиот капацитет на дискета, CD, DVD, USB, хадр диск?
    24. Кој мемориски уред(надворешна меморија) има најголем капацитет?
    25. Што значи CD R, a што CD RW?
    26. Што е софтвер и како се дели (системски и кориснички(апликативни))?
    27. Наброј неколку апликативни програми.
    28. Што се видео и компјутерски игри?
    29. Наброј ги карактеристиките и правилата на игрите.
    30. Како се делат игрите според темата и содржината?
    31. Која е првата компјутерска игра и кога е направена?
    32. Што е оперативен систем?
    33. Кои се најпознати оперативни системи?
    34. Карактеристики на оперативен систем (multi user(повеќе корисници), multi tasking(повеќе програми истовремено))
    35. Кои се елементите на оперативен систем?
    35. Што се прозорци, икони, десктоп?
    36. Кои се елементи на прозорецот?
    37. Што е фолдер(директориуми или именик), а што фајл(датотеки или документи)?
    37. Фолдерите може да ги креира корисникот, оперативниот систем или програма.
    38. Фајловите ги креира корисникот.
    38. Од што се состои адреса на фолдер и фајл?
    39. Наставки на текстуални, видео, графички, аудио, стартувачки, веб и спакувани фајлови.
    40. Кој ја дава наставката на фајлот, кој го дава името на фајлот и фолдерот?
    41. Кои операции може да се направат со фајловите и фолдерите.
    42. Со кој тастер од тастатурата се остава празно место помеѓу зборовите, колку празни места се оставаат?
    43. Нов ред - које тастер се користи?
    44. Наредби и кратенки од тастатурата за креирање на фолдери фајлови, копирање, пренесување и бришење.
    45. Наредби, мени и кратенки од тастатурата за нов документ, постоечки, зачувување на документ, затворање на документ (Close од менито File), затворање на програма (Exit од менито File).
    46. Објасни ја функцијата на копчињата од калкулаторот: C, CE, MS, MR, M+, MC.



    1. Tема 3. Мултимедија

      1.  Што е мултимедија?
      2.  Што е мултимедијална датотрека?
      3.  Што е разликата меѓу видео и аудио запис?
      4.  Наведи мултимедијална програма.
      5.  Обајсни шро содржи нејзиниот прозорец.
      6.  Наведи неколку наставки на аудио и видео фајлови.
      7.  Кои хардверски уреди се потреби при работа со мултимедија?

      Тема 4. Интернет
      1.     Што е компјутерска мрежа?
      2.     Што е разликата меѓу сервер и клиент во комјутерската мрежа?
      3.     Наведи барем неколку придобивки од поврзувањето на компјутерската мрежа.
      4.     Наброј ги видовите на комјутерски мрежи?
      5.     Што треба да има комјутерот за да биде поврзан на локална мрежа?
      6.     Што е Интернет?
      7.     Како се пристапува на интернет?
      8.     За што се користи интернетот?
      9.     Наброј неколку Интернет сервиси?
      10.  Што е веб прелистувач, наброј неколку.
      11.  Што е веб пребарувач, наброј неколку.
      12.  Според кои критериуми може да се направи пребарување на Интернет?
      13.  Што треба да има секој документ за да се постави на Интернет?
      Што значи кратенката WWW?
      14.  Што е веб сајт, а што веб страна?
      15.  Што е линк и како го препознаваме?
      16.  Од колку делови се состои една URL адреса?
      17.  Определи што значат наставките во URL адреса
      com     gov     org      net      edu     mil      
      18.  Која држава е определена со следниве домени
      mk       sr         hr        si         dk        uk        aus     fr          it          bg
      19.  За што се користи електронската пошта?
      20.  Што е корисничко име, а што лозинка кај електронската пошта?
      21.  Што означуваат
            Inbox        Send  To        Replay                       Foward
      22.  Што се вируси?
      23.  Наброј ги видовите вируси и објасни за секој од нив.
      24.  Што е антивирусна програма?
      25.  Што е портал, електронски курс, форум и образовен софтвер?
      26.  Како треба да се однесуваме на Интернет (наведи неколку правила)
      27. Што е рутер?
      28. Што е мрежна картичка?
      29. Што е хост, а што публикување?

      Тема 5.
      1.    Наброј неколку програми за цртање?
      2.    Што може да се направи со програма за цртање?
      3.    За што се користи палетата со бои?
      4.    Објасни ја функцијата на секоја алатка во алатникот (GNU Paint или Paint)?
      5.    Што е пиксел, резолуција?
      6.    Кои операции може да се превземат со дел од цртеж?
      7.    Што се геометриски трансформации?
      8.    Кои наставки може да ги имаат документите креирани во некоја од програмите за цртање?


       Тема 6. Обработка на текст
      1.    Наброј неколку апликации за обработка на текст?
      2.    За што се користат тие?
      3.    Што е фонт, стил, израмнување(позиционирање), јазична поддршка?
      4.    Што се симболи?
      5.    Што е набројување, какво може да биде и дали може да се промени знакот на набројување?
      6.    Како се креира табела, што е колона, редица и ќелија во неа?
      7.  Како се вметнуваат графички објекти и готови слики и како истите се уредуваат?

    Tема-Word-Writer
1.    Елементите на работниот прозорец  (Лента за наслов на документот, Лента со менија за избор и задавање команди,  Ленти со копчиња за избор и задавање команди, Линеар, Лента за форматирање, Начини на прикажување на документот, Статусна лента, лизгач и лента за поместување и Покажувач за пишување текст)
2.    Кои се вообичаените ленти со алатки и како се вклучуваат?
3.    Кои мениа со наредби ги има и што овозможуваат тие?
4.    Како се избира македонска поддршка? (Shift+Alt)
5.    Алатки за форматирање на текст(фонт, големина, стил(bold, italic, underline), порамнување на текст(лево, десно, централно и од двете страни)
6.    Сите големи букви-Caps Lock, eдна голема буква-Shift+Буквата
7.    Бришење знак напред(десно) –Delete, Бришење знак напред(десно) –Backspace
8.    Нов ред-Enter,
9.    Зачувување на документ под ново име или прв пат-Save As(Ctrl+S) од менито File
10. Зачувување промени под исто име- Save од менито File
11. Отворање на постоечки документOpen(Ctrl+C) од менито File
12. Отворање на нов документNew (Ctrl+N) од менито File
13. Селектирање на текст и уредување (копирање(Ctrl+C), бришење(Delete, Del), oтсекување(Ctrl+X), (Ctrl+V)
14. Поништување на последната извршена операција-Undo од менито Edit
15. Insert → Picture → From file (Вметнување → Слика → „Од датотека“)
16. Положбата на сликата во однос на текстот во однос на слика -Text Wrapping,
17. Insert → Picture → Clip Art-Вметнување слика од галерија
18. Вметнување графички објекти-готови облици- Insert → Picture → Auto Shapes
19. Вметнување уметнички текс т(текст со ефекти) -- Insert → Picture→Word Art
20. Вметнување рамка за текст Insert → Text Box,
21. Набројување е начин на подредување на содржина во листа –список.
22. Постои можност за автоматско набројување со броеви, букви или различни знаци точки, цртички, ѕвезди и слично. Автоматското набројување се активира од менито со избор на Format → Bullets and Numbering (Форматирај → Точки и набројувања).
23. Автоматското набројување се активира и со  алатките од лентата со алатки Formatting.
24. X2-Горен индекс со наредбата Superskript од менито FormatFont(Shift+Ctrl++)
25. X2-Долен индекс со наредбата Subskript од менито FormatFont(Ctrl++)
26. Некои симболи кои ги нема на тастатурата како симболите: €, ©, ≠, ☺, ☼, ♫, → може да се внесат со наредбата Symbol менито Insert (Вметнување Специјален знак).
27. Вметнување на табела се врши со избор на Insert 4Table од менито Table. Потоа се внесуваат бројот на колони и редици
28. Наредбата Delete (Избриши) – бришење на цела табела, селектирана редица, колона или клетки (ќелии) од табелата,
29.  Наредбата Split Cells (Раздели ќелии) – разделување на избрана клетка на две или повеќе клетки,
30. Наредбата Merge Cells (Спој ќелии) – спојување на повеќе селектирани соседни клетки во една и други.
Параметри на страница -наредбата Page Setup од менито File (наредбата Страница од менито Форматирај)
·         Формат на страница е големина на страницата – А4, Б5, писмо и сл.
·         Ориентација на страница е положбата на страницата- вертикална (portrait) и хоризонтална (landscape).
·         Маргини се белите површини околу текстот (четири: горна, долна, лева и десна)
Печатење на документ се врши со наредбата Print од менито File
(Избор на печатар,  Печатење на сите страници во документот(All), Избор на ранг на страници (Pages), Печатење на страницата на која во моментот е поставен курсорот – (Current page), Број на копии (Number of copies).

No comments:

Post a Comment

7 odd

 1.Внеси cena на два производи (јаболка и мандарини) ∙ Поскап се јаболката _____ -да прикажи колку се поскапи   ∙ Поскап се манда...