Pages

Wednesday, September 7, 2022


Историски развој на компјутерите

 Пред компјутерите

Првиот комјутер се смета дека е ENIAC, направен е 1946 година во САД. Тој бил тежок 30 тони, зафаќал површина од 150  м2 (отприлика колку 5 училници). Во него биле вградени 18000 електронски ламби.
  
Прва генерација  (1940-1958)

Компјутерите од првата генерација користеле електронски ламби. Тие биле огромни и

трошеле многу електрична енергија. Работеле бавно (извршувале околу 20000 математички операции во 1 секунда) и помнеле малку податоци. Немале монитор, а податоците ги помнеле на дупчена картичка.



Втора генерација (1959-1963)‏
 Комјутерите од втората генерација користеле транзистори кои биле помали и побрзи, така што и самите комјутери биле помали, побрзи и трошеле помалку енергија. Имале поголема меморија и работеле до пет пати побрзо (извршувале околу 100000 операции во една секунда)‏. Подaтоците се запишувале на магнетна лента. Овие компјутери за прв пат користеле печатач.


Трета генерација (1964-1970)‏

Комјутерите од оваа генерација биле многу помали и побрзи (извршувале до милион операции во една секунда), поради малата димензија се нарекувале мини компјутери. Тоа се должело на користењето на интегралното коло, кое во себе содржи стотици транзистори. Се користеле монитори и тастатури и се појавилоперативниот систем - програма што управува со комјутерот и овозможува да се работи на  повеќе програми истовремено. Податоците се запишувале на дискета.



Четврта генерација (1971-  )‏
Во денешно време се користат комјутерите од четвртата генерација. Во нив е вграден нов елемент - чип (тоа е парче од силициум на кое се спакувани милиони транзистори). Компјутерите стануваат се помали и побрзи. Ивршуваат до неколку милиони операции во една секунда. Поради ниската цена, доаѓа до нивна масовна употреба. CD, DVD  и USB меморија се медиуми каде се запишуваат податоците.
За првпат се појавуваат комјутерските мрежи и денес целиот свет е поврзан преку Интернет. 
Персонален компјутер се појавува во четврта генерација
            

Во 1976 е направен првиот успешен персонален комјутер- PC (компјутер наменет за работа на еден човек). Се викал Apple I, имал дрвено куќиште и бил направен за да се изложи на саем на електроника. Денес овие компјутери секојдневно ги употребуваме.

Петта генерација
Оваа генерација е сеуште во развој. Тоа ќе бидат компјутери со вештачка интелегенција. Научниците сакаат да создадат компјутер што сам ќе одлучува.



Прашања:
1. Што се се користело за сметање пред појавата на првиот компјутер?
2. Дополни ја табелата:
Генерација
I генерација
II генерација
III генерација
IV генерација
Траела (од- до)




Што користеле




Податоците за запишувале на




За прв пат се појавува...




3. Персоналниот комјутер е наменет за ______________________________.
4. Кој е првиот персонален комјутер?

5. Кои се карактеристиките на петтата генерација компјутери?



7 odd

 1.Внеси cena на два производи (јаболка и мандарини) ∙ Поскап се јаболката _____ -да прикажи колку се поскапи   ∙ Поскап се манда...