Pages

Monday, September 30, 2013

Вежби VII

 Вежба 2
Меркур

Меркур е најблиската планета до Сонцето и е втора најмала планета во Сончевиот систем. Бидејќи е толку блиску до Сонцето, Меркур може да се види од Земјата само в зори или приквечер, ниско на небото, во близина на Сонцето.



Венера
Венера има приближно иста големина како и Земјата. Таа е обвиткана со дебели неиспрекинати облаци кои се составени од капки смртоносна сулфурна киселина. Бидејќи нејзината обвивка од сулфур ја рефлектира сончевата светлина, Венера свети мошне силно на небото ноќе.
Марс


Марс е најслична планета со Земјата. Денот на неа трае слично како и оној на Земјата, има 4 годишни времиња, планини, вулкани, пустини, поларни предели со вечен мраз, пресушени речни корита и кањони. Од овие причини се смета дека  Марс е единствената планета на која можеби некогаш постоел живот.
Задача  1.
Уредување на пасусите (направи го):
·         Првиот пасус е израмнет центрирано, првата линија е вовлечена 1,2 см(0,47") и со двоен проред.
·         Вториот пасус е центрирано израмнет, со растојание над текстот 1 см(0,40"), вовлечен и пред и по текстот по 2см(0,80") и проредот е единечен.
·         Третиот пасус е израмнет од двете страни и има проред 1,5 линии.
·         Стави слики за секоја планета содветно до текстот
·         Стави рамка на документот
·         Внимавај на форматирањето и порамнувањето на насловите и текстот во секој пасус
Задача 2.
·         Првиот пасус уреди го во три колони со еднаква ширина.
·         Третиот пасус уреди го во две колони со линија меѓу нив и различна ширина.

·         Маргините постави ги лева 2 цм, десна 1,5 цм, горе 1,5 цм и долу 2 цм

Friday, September 13, 2013

2013-14 VII одделение


ПРОЕКТ






Изработката на училишниот проект се состои од следниве фази:
Ø  Пронаоѓање на тема за проектот,
Ø  Определување на задачите или целите на проектот,
Ø  Планирање,
Ø  Истражување,
Ø  Изработка на проект.


Пронаоѓање тема за проектот
            Доколку темата не ти е дадена од наставникот (а обично е дадена), треба сам да ја избереш. Направи список од теми што ти се интересни, но избери ја онаа тема за која имаш најголеми предзнаења и за која можеш да собереш најмногу информации.

Определување на задачите или целите на проектот
            Кога ќе ја избереш темата на проектот, треба да избереш конкретни цели и задачи: дали сакаш да напишеш состав, да изнесеш свои ставови и размислувања или да претставиш резултати од некои истражувања. Потоа размисли во која форма сакаш да го преставиш проектот: текст, графикон, слика, презентација.

Планирање
            Најпрво е најдобро да запишеш се што занеш за темата и избери што од тоа ќе ставиш во проектот. Потоа направи список на прашања на кои сакаш да најдеш одговор и почни да истражуваш.

Истражување
            Можеш да користиш книги, списанија, енциклопедии, Интернет и друго. Води сметка, кога е во прашање Интернетот, колку најдената информација е точна (дали истата се потврдува и на друг веб сајт, дали е со понов датум и сл.)
Изработка на проект
На крај одлучи која апликација ќе ја искористиш за изработка на твојот проект. Проектот најчесто е во форма на текст документ, ако истиот се печати или мултимедијална презентација.

Она што следува..
Презентација на проект
Вреднување на проект
Добро презентирање е исто толку важно колку и добро сработениот проект. Клуч на успехот е вежбање- неколку пати наглас повори го излагањето. Кога ќе почнеш:
  • Претстави се,
  • Кажи ја темата на проектот,
  • Зборувај јасно и разбирливо,
  • Немој да гледаш само во наствникот и никако немој да читаш од изработката,
  • Внимавај на времетрањето на презентацијата- да не им станеш досаден на слушателите
Во вреднувањето и во презентацијата на  проектот учествуваат сите ученици.
На тој начин се развива критичност и способност за објективно вреднување на својата и туѓата работа.
J


Овде запиши го твоето име  во облик: име презиме VII одд.

7 odd

 1.Внеси cena на два производи (јаболка и мандарини) ∙ Поскап се јаболката _____ -да прикажи колку се поскапи   ∙ Поскап се манда...