Pages

Tuesday, May 22, 2012

Презентација за домашно и презентирање Power Point

Креирај презентација со шест слајда. Тема:61--- од 1-6 број во дневник Компјутерски вируси, 7-12 Интернет и компјутерски мрежи, 13 - 19 Пребарувачи и прелистувачи.
62 ---- 1-6  Влезни единици, 7-12 Излезни единици 13-18  Компјутерски игри
63 ---- 1-6 Генерации на компјутери, 7-13 Влезни или излезни единици.


На првиот слајд нека има наслов и  поднаслов. На секој од наредните слајдовите постави наслов слика и текст. На вториот и тетиот слајд сликата нека биде десно текстот лево, на четвртиот и петтиот обратно. На последниот слајд само слики (сликите нека се појавуваат една по друга.  Првиот слајд нека има позадина (Background)-слика. Вториот слајд нека има дизајн со сина боја, вториот, третиот, четвртиот ист дизајн само друга боја. Шестиот нека биде со позадина (Background) со две бои. Прво да се појави насловот и сликата во исто време, а потоа текстот. Преминот на вториот и четвртиот нека биде на 10 секунди, а третиот и петтиот нека се појават на клик. На првиот и петтиот слајд објектите нека се појавуваат на клик. Преминот по твој избор за сите слајдови различен.

Wednesday, May 16, 2012

Текст за практичната вежба -Word


Компјутер


Компјутерот е машина која брзо и прецизно пресметува, меморира и извршува низа од операции и инструкции наречени програми. Хардверот и софтверот заедно го сочинуваат комјутерот. Хардверот е самата електронска направа т.е. нејзините видливи компоненти. Софтверот се сите програми што го прават „жив“ и му даваат „душа“ на хардверот. Компјутерот помага во учењето и пишувањето на домашни задачи по сите наставни предмети. Во хардвер спаѓаат и периферните единици:

Monday, May 14, 2012

Практична вежба-Power Point

Креирај презентација со пет слајда. На првиот слајд нека има наслов-Државите во Европа и поднаслов Државите- наброени. На секој од наредните слајдовите постави наслов (име на државата), слика за државата и текст. На вториот и тетиот слајд сликата нека биде десно текстот лево, на четвртиот и петтиот обратно. Првиот слајд нека има позадина (Background)-портокалева. Вториот слајд нека има дизајн со зелена боја, вториот, третиот и четвртиот ист дизајн само друга боја. Петтиот нека биде со позадина (Background) со две бои. Прво да се појави насловот, а потоа во исто време сликата и текстот. Преминот помеѓу првиот и вториот и третиот и четвртиот нека биде на 10 секунди, а вториот и четвртиот нека се појават на клик. Преминот по твој избор за сите слајдови различен.

Вежба со табела

Бидејќи документите што ги праќате не се најдобри, би сакала да потсетам дека треба да ги следите следните упатства (боја, елементи, форматирање, уредување...).
Домашно 1: Треба да се креира документ на тема по ваш избор, секој сам.
Барања( упатства):
  1. Темата по твој избор
  2. Насловот со уметнички текст
  3. Постави рамка
  4. Текстот: да има различен стил и боја (да има три пасуси(параграф), секој пасус да бире различно порамнат)
  5. Вметни симболи 
  6. Поставување слика позади текстот и слика околу неа текст
  7. Нацртај геометриска форма по твој избор: линијата двојна, со црвена боја, внатрешноста со две бои сино жолта
  8. Набројување со знаци
  9. Нацртај табела: во првиот ред наслов(внимавај), 4x4, надворешната рамка со зелена боја, подебела, внатрешната портокалова, потенка(испрекината), 
  10. Податоците во табелата: првиот ред задебелени и искосени, другите стандардни.
  11. Споени клетки за наслив, разделени
  12. Прати го со име D1ImeprezimeVIodd, (твое име и презиме)
Домашно2: Докумен што ќе содржи се што учевме, сличен како вежбата на училиште и домашно1 - Тема од информатика ( влезни е., излезни е.,оперативни систем, тастатура, глувче, примен на компјутери, интернет, ........)
Прати го со име D2ImeprezimeVIodd, (твое име и презиме)

Monday, May 7, 2012

Презентација-вежба

Креирај презентација со четити слајда. На секој од слајдовите постави наслов(име на градот), слика за градот и текст. Првиот слајд нека има син дизајн, вториот и и третиот со ист дизајн само друга боја. Четвртиот нека биде со позадина (Background). Насловот и сликата нека се појавуваат во исто време, е текстот за градот после нив. Преминот помеѓу првиот и вториот и третиот и четвртиот нека биде на 15 секунди, а вториот и четвртиот нека се појават на клик. Преминот по твој избор за сите слајдови различен.

7 odd

 1.Внеси cena на два производи (јаболка и мандарини) ∙ Поскап се јаболката _____ -да прикажи колку се поскапи   ∙ Поскап се манда...