Pages

Monday, November 12, 2012

Компјутерски вируси и антивируси


Компјутерски вируси се штетни и непожелни програми кои без знаење и желба на  корисникот влегуваат во неговиот компјутер. Вирусот е сместен во програмите кои се најраширени и најчесто употребувани со цел да бидат раширени што е можно побрзо. Кога и да ја стартувате таа одредена програма, вирусот се стартува, но и самиот тој има можност да стартува друга програма.
Вируси
Програмата- вирус се пренесува со прикачување на фајл – домаќин и започнува да делува кога корисникот ќе го отвори или користи тој фајл.                      
Антивирусна програма
Антивирусните програми се програми кои ја проверуваат заразеноста на компјутерските фајлови со вируси и го штитат компјутерот од заразување со нови вируси.
користете секогаш надградена антивирусна програма инсталирана на компјутерот,
секогаш проверувајте ги мемориските уреди со кои е работено на други компјутери компјутери пред да ги користите на својот компјутер,
симнувајте и отвворајте фајлови и програми само од сигурни веб страници,
не отварајте фајлови прикачени на електронски пораки кои ви се сомнителниили се од непознат испраќач.



1.    Заглавје: Видови вируси (искосено, сина боја и на средина)
2.    Подножје:  Име и презиме (лево, зелена боја, задебелено) и број на страна (црвена боја)
3.    Маргини: лева и горна по 2 см.(0,80”), десна и долна по 1.5 см(0,60”).
4.    Прв пасус: Првиот ред–вовлечен автоматски, проред 1.5 Line, од лево и десно вовлечен цел пасус за 1cm. Зборот Компјутерски вируси-Hyperlink кон слика од десктоп. Порамнат од две страни
5.    Втор пасус:  Во две колони, проред At least 14pt, пред пасусот 6 pt по пасусот 10 pt. Централно порамнат. Зборот Програмата Hyperlink кон нов документ Programa,
6.    Трет пасус: Проред Double, првиот ред вовлечен 2cm(0,80”). Појаснување на зборот фајлови©( Група на податоци снимени заедно).  
Зборот Антивирусна програма-Hyperlink кон web страната www.wikipedia.org




 


Tuesday, October 23, 2012

Вежба-Хиперлинк


Јана вчера правеше роденденска забава. Таа не замоли да и помогнеме во подготовките, па јас и Весна требаше да бидеме кај неа два часа порано.
Весна не сакаше да дојде, бидејќи се прикажуваше ТВ емисија која одамна ја чекала, но не сакаше ни да ја изневери својата другарка. Постојано се премислуваше. Де ќе дојде, де ќе остане дома. Откако реши да дојде, заедно тргнавме накај Јана.
Штом стигнавме, веднаш се фативме за работа, така што се беше подготвено порано од очекуваното. Гостите почнаа да пристигнуваат. Дојдоа сите освен Марко, зашто утредента  имал тешки часови (распоред за утре). Марко и прати роденденска честитка.





Monday, October 15, 2012

Вежба-Writer




Софтверот му дава “душа” на хардверот и само со него компјутерот е моќна машина во вистинска смисла на зборот. Во него спаѓаат сите програми со чија помош компјутерот извршува одредена обработка на податоци и поделени се на:
Системски програми и
Апликативни (кориснички) програм
Системски софтвер: опрeративниот систем, контролни програми и услужни програми. Oпрeративниот систем- е збир од програми кои мора да ги има PC за да можe да функционира. ОС овозможува прикажување на слики на екран, читање, снимање и бришење на податоци од било која надворешна меморија, функционирање на глувчето итн. Најпознати оперативни системи денес се LINUX и WINDOWS во сите негови верзии.
Апликативен  софтвер
Со помош на оперативниот систем можат да се направат низа од активности, но неможе да се напише текст, да се нацрта нешто, да се направи табела или презентација. Kориснички програми- наречени апликации кои работат со помош на осВо нив спаѓаат WRITER, CALC, PAINT, IMPRESS, INTERNET EXPLORER и многу други.
 Име и презиме на ученикот одд  
Критериуми за изработка на вежбата
Постави соодветен Header and Footer (Вежба4/Твоето име и презиме)
Насловот на текстот со користење на уметнички текст, центрирано
Наслов  со WordArt(уметнички-украсен текст)
Уредување на првиот пасус:
l  порамнување на текстот од десна страна
l  првиот ред нека биде вовлечен за 2 cm(0,78)
l  проредот на текстот нека биде double,
l  Растојанието под  пасусот нека биде 18 pt.
l  Фуснота на зборот Оперативен систем
Системски програми и Апликативни (кориснички) програми со набројување, задебелени искосени, со друга боја.

Уредување на вториот пасус-Оперативен систем:
l  порамнување на текстот од  двете страни
l  првиот ред вовлечи го за 1,5 cm(0,60”)
l  проредот на текстот нека биде At least 0,88 cm(0,35)
    
Уредување на третиот пасус:
  • порамнување на текстот од левата страна
  • текстот во две колони (различна ширина) со линија помеѓу нив
  • проредот на текстот нека биде Multiple 1,1 ,
  • Растојанието пред пасусот нека биде  10 pt.
Фуснота на зборот Оперативен систем
Коментар за WORD

    

Monday, October 8, 2012

Проекти 2012/13


ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ

Темата на проектот (Компјутерски мрежи, компјутерски вируси, образовен софтвер, влезни единици, излезни единици, историски развој).
Креирај документ од 2 страни според следните барања:
· Маргини левата 1,5 цм; десната 1 цм; горната и долната по 2 цм;
· Нумерирање на страницата на лева страна (футер)
· Твоето име и презиме на десна страна (во футерот) со црвена боја, задебелено
· Проект централно ( во хедерот) со сина боја, искосено и подвлечено
· Вториот пасус на првата страна нека биде во две колони
· Во другите пасуси примени различен проред, вовлекување или извлекување (прв ред), празен простор пред и по пасусот, порамнување
· Три слики (едната позади текстот осветлена), околу другите слики текст
· Фуснота на некој збор по твој избор (од втора страна)
· Коментар на еден од зборовите на врора страна
·Хиперлинк од насловот (уметнички текст) кон слика од втората страна на документот
· Хиперлинк кон веб страна на која има најмногу податоци за соодветната тема
· Клучните зборови нека бидат нагласени (боја, стил)
· Постави текст бокс или геометриска фигура (со боја и стил на линија)
· Можеш да избереш и позадина, рамка
· Текстот да биде соодветно уреден, а не копиран од Интернет((текстот да биде форматиран (соодветно избран стил(задебелен, искосен, подвлечен), во боја...))
· Да се испрати на е-mail kostovavioletagd@yahoo.com до 06.11.2012

Tuesday, May 22, 2012

Презентација за домашно и презентирање Power Point

Креирај презентација со шест слајда. Тема:61--- од 1-6 број во дневник Компјутерски вируси, 7-12 Интернет и компјутерски мрежи, 13 - 19 Пребарувачи и прелистувачи.
62 ---- 1-6  Влезни единици, 7-12 Излезни единици 13-18  Компјутерски игри
63 ---- 1-6 Генерации на компјутери, 7-13 Влезни или излезни единици.


На првиот слајд нека има наслов и  поднаслов. На секој од наредните слајдовите постави наслов слика и текст. На вториот и тетиот слајд сликата нека биде десно текстот лево, на четвртиот и петтиот обратно. На последниот слајд само слики (сликите нека се појавуваат една по друга.  Првиот слајд нека има позадина (Background)-слика. Вториот слајд нека има дизајн со сина боја, вториот, третиот, четвртиот ист дизајн само друга боја. Шестиот нека биде со позадина (Background) со две бои. Прво да се појави насловот и сликата во исто време, а потоа текстот. Преминот на вториот и четвртиот нека биде на 10 секунди, а третиот и петтиот нека се појават на клик. На првиот и петтиот слајд објектите нека се појавуваат на клик. Преминот по твој избор за сите слајдови различен.

Wednesday, May 16, 2012

Текст за практичната вежба -Word


Компјутер


Компјутерот е машина која брзо и прецизно пресметува, меморира и извршува низа од операции и инструкции наречени програми. Хардверот и софтверот заедно го сочинуваат комјутерот. Хардверот е самата електронска направа т.е. нејзините видливи компоненти. Софтверот се сите програми што го прават „жив“ и му даваат „душа“ на хардверот. Компјутерот помага во учењето и пишувањето на домашни задачи по сите наставни предмети. Во хардвер спаѓаат и периферните единици:

Monday, May 14, 2012

Практична вежба-Power Point

Креирај презентација со пет слајда. На првиот слајд нека има наслов-Државите во Европа и поднаслов Државите- наброени. На секој од наредните слајдовите постави наслов (име на државата), слика за државата и текст. На вториот и тетиот слајд сликата нека биде десно текстот лево, на четвртиот и петтиот обратно. Првиот слајд нека има позадина (Background)-портокалева. Вториот слајд нека има дизајн со зелена боја, вториот, третиот и четвртиот ист дизајн само друга боја. Петтиот нека биде со позадина (Background) со две бои. Прво да се појави насловот, а потоа во исто време сликата и текстот. Преминот помеѓу првиот и вториот и третиот и четвртиот нека биде на 10 секунди, а вториот и четвртиот нека се појават на клик. Преминот по твој избор за сите слајдови различен.

Вежба со табела

Бидејќи документите што ги праќате не се најдобри, би сакала да потсетам дека треба да ги следите следните упатства (боја, елементи, форматирање, уредување...).
Домашно 1: Треба да се креира документ на тема по ваш избор, секој сам.
Барања( упатства):
  1. Темата по твој избор
  2. Насловот со уметнички текст
  3. Постави рамка
  4. Текстот: да има различен стил и боја (да има три пасуси(параграф), секој пасус да бире различно порамнат)
  5. Вметни симболи 
  6. Поставување слика позади текстот и слика околу неа текст
  7. Нацртај геометриска форма по твој избор: линијата двојна, со црвена боја, внатрешноста со две бои сино жолта
  8. Набројување со знаци
  9. Нацртај табела: во првиот ред наслов(внимавај), 4x4, надворешната рамка со зелена боја, подебела, внатрешната портокалова, потенка(испрекината), 
  10. Податоците во табелата: првиот ред задебелени и искосени, другите стандардни.
  11. Споени клетки за наслив, разделени
  12. Прати го со име D1ImeprezimeVIodd, (твое име и презиме)
Домашно2: Докумен што ќе содржи се што учевме, сличен како вежбата на училиште и домашно1 - Тема од информатика ( влезни е., излезни е.,оперативни систем, тастатура, глувче, примен на компјутери, интернет, ........)
Прати го со име D2ImeprezimeVIodd, (твое име и презиме)

Monday, May 7, 2012

Презентација-вежба

Креирај презентација со четити слајда. На секој од слајдовите постави наслов(име на градот), слика за градот и текст. Првиот слајд нека има син дизајн, вториот и и третиот со ист дизајн само друга боја. Четвртиот нека биде со позадина (Background). Насловот и сликата нека се појавуваат во исто време, е текстот за градот после нив. Преминот помеѓу првиот и вториот и третиот и четвртиот нека биде на 15 секунди, а вториот и четвртиот нека се појават на клик. Преминот по твој избор за сите слајдови различен.

Tuesday, February 7, 2012

Вежба бр2.


Според зададениот изглед , други бои и стил на рамка да се направат сите таблици д 1 до 10(Во еден Sheet). Да се користи автоматско пополнување.

Excel -вежба 1

Вежба 1:

Ва) Во првата работна табела (Sheet1) која ќе ја наречеш Телефони направи ја табелата:


б) Во втората работна табела (Sheet2) која ќе ја наречеш Продажба направи ја следната табела:

  • Насловната редица ќе биде обоена со црна внатрешност и бел задебелен текст,
  • Секоја редица ќе биде обоена со различна боја на внатрешноста,
  • Текстовите Вкупно ден и 104740 да бидат обоени со црвена боја и

l Рамката да биде дупла во црвена боја од надвор и единечна и црвена внатре.




7 odd

 1.Внеси cena на два производи (јаболка и мандарини) ∙ Поскап се јаболката _____ -да прикажи колку се поскапи   ∙ Поскап се манда...